ЕКИПА во Брест,
Томас Ѓоргиевски
Раул Гонзалес со право беше горд на својата екипа по одличната игра и убедливата победа на вечерашното финале против Веспрем, со која „вардарци“ му се одмаздија на унгарскиот гигант за поразот во ланското финале во Вараждин.
„Мора да се биде задоволен, ние одигравме супер на овие натпревари, заслужено победивме и сега треба да уживаме. Нашата одбрана беше супер, нападот исто така, победивме многу добар противник како Веспрем и нормално е да бидам презадоволен. Сега можеме да прославиме, а за неколку дена ќе почнеме да мислиме на Фленсбург и предизвикот во Лигата на шампионите“ – беа првите импресии на Раул Гонзалес по освојувањето на трофејот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА