ЕКИПА во Клуж,
Билјана Б.Петрушева
Македонската репрезентација на денешниот реванш со Романија во Клуж, ќе настапи со истите 16 играчи што го одиграа и првиот меч во Скопје. Иако во Клуѓ како 17 играч допатува и Златко Даскаловски, тој сепак ќе остане на трибините, а на голот ќе биде стандардниот тандем – Борко Ристовски и Никола Митревски.
За разлика од Раул Гонзалес, неговиот колега на романската клупа, Чави Пасквал за денешниот натпревар направи две измени во составот. Левото крило Росу се повреди на мечот во Скопје и ќе биде заменет со Цог. Втората измена е на пикерската позиција на која на местото на Кабут ќе игра Соаре.
Натпреварот во Клуж е деенска со почеток во 17.30 часот по македонско време. Македонија има осум гола предност од првиот дуел во Скопје на кој славеше со 32-24.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА