ЕКИПА во Минхен,
Стеван Цаневски
Селекторот Раул Гонзалес е свеен дека најтешките предизвици на СП 2019 допрво следат, па им порача на своите ракометари дека очекува подеднакво залагање и фокусираност и против Бахреин, како што тоа беше случај и на дуелот со Јапонија. Притоа, шпанскиот стратег предупредува дека не смее да дојде до опуштање и бидејќи мора да се внимава на гол-разликата, затоа што тоа може да се покаже решавачко за конечниот пласман на крајот.
„Совладана е Јапонија, а Бахреин ни е следниот противник. Имаат ист начин на игра мислам дека треба добро да се подготвиме и да имаме ист пристап како на дуелот со Јапонија. Мислам дека против Шпанија, Бахреин играше добро и во еден момент во вториот дел имаат негатива од три разлика, дури и напад за да намали и на два разлика. Затоа треба да имаме многу почит и не треба да се опуштиме. Ние цел натпревар го игравме одговорно со Јапонија, треба да внимаваме и на разликата особено кога се игра во група, тоа може да биде решавачко на крајот. Ние ќе се подготвиме ќе играат најдобрите и ќе одиме чекор по чекор и треба да бидеме фокусирани на победа. Играта на Бахреин е различна од таа на Јапонија, впрочем станува збор за различен тип на играчи. Ако разликата и на следниот дуел биде истата како вчера јас ќе бидам задоволен“ – порача Гонзалес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА