Раул Гонзалес во изминатите три дена имаше полни раце работа, да пренесе дел од своите замисли врз македонските репрезентативци, за потоа да се имплементира во играта на нашиот национален тим на утрешниот дуел со Исланд.
Нема многу простор за „математики“, особено откако Украина ја забележа и втората победа во групата, утре вечер мора да се слави, а потоа да се оди и на добар резултат во Рејкјавик. Хрватската виза тешко се добива, но Македонија во последните години знаела да одигра најдобро кога е најпотребно. Лазаров, Миркуловски, Ристовски и Стоилов помогнати од „младиот бран“ во националниот тим поседуваат и искуство и квалитет за да одговорат на овој предизвик и да стигнат до посакуваната победа.
Јунаците се познаваат на дело кога е тешко, а македонските ракометари бодрени од навивачите ќе имаат можност уште еднаш да покажат зошто се најуспешна национална селекција во нашата држава.
[new_royalslider id=”617″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА