Еден пораз од Перу беше доволен да зовријат страстите во хрватската репрезентација, откако дефанзивецот Ведран Чорлука го изрази своето задоволство што селекторот Далиќ реши да им даде повластен третман на шестмина првотимци, кои ја напуштија мини-турнејата во САД и се вратија во своите клубови, па нема да настапат на следниот дуел против Мексико.
Далиќ ги пушти предвреме дома Модриќ, Манџукиќ, Калиниќ, Субашиќ, Перишиќ и Брозовиќ, одлука со која ги налути останатите фудбалери, а единствен што гласно проговори на темата беше искусниот дефанзивец Ведран Чорлука.
„Жал ми е што тие играчи си заминаа. Не се собираме толку често, до мундијалот има помалку од три месеци, сигурно ќе беше многу подобро ако останеа. Искрено, не гледам зошто некој мора предвреме да си замине од репрезентацијата. Кога веќе си дошол овде, треба да останеш и да играш на двете средби, освен ако не си повреден. Тоа е моето мислење“ – изјави Чорлука.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА