Сопственикот на кошаркарскиот клуб Мега Мишко Ражнатовиќ вели дека триумфот против Партизан е веројатно најголемиот во историјата на клубот.
Во натпреварот од четвртото коло во АБА лигата, Мега во возбудлив финиш го совлада Партизан на домашен терен со 86-84. Урош Трифуновиќ беше трагичар на овој меч откако постигна автокош со звукот на сирената.
„Уживав во натпреварот од АБА лигата во понеделник вечерта повеќе отколку што можев да очекувам. Веројатно најголемата победа во историјата на овој клуб“, напиша Ражнатовиќ на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА