Ветеранот на Лос Анџелес Лејкерс, Ражон Рондо, беше една од светлите точки во бледото издание на тимот во поразот од Денвер во третиот натпревар од финалната серија од Западната конференција на НБА плеј-офот.
Тој слабо го почна натпреварот, но потоа го крена нивото и забележа осум асистенции со кои го надмина легендарниот Коби Брајант на вечната листа според бројот на асистенции во плеј-офот. Рондо дојде до бројката од 1041 и сега е за една асистенција пред Брајант на листата која ја предводи Мајкл Џордан со 2343 асистенции.
Congrats to @RajonRondo of the @Lakers for moving up to 9th on the #NBAPlayoffs ASSISTS list! pic.twitter.com/a9JJrKkR0P
— NBA (@NBA) September 23, 2020
— Los Angeles Lakers (@Lakers) September 23, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА