Повеќе од разигран Јувентус на стартот од новата сезона во Серија А, славејќи со 0-3 на гостувањето против Удинезе.
„Старата дама“ во ниту еден момент не ја доведе под прашање победата во Удине, најавувајќи ја преку Киеза, а на асистенција на Влаховиќ, уште во 2. минута.
Веќе во 20. минута, пак, Влаховиќ погоди и за водство од 0-2 од пенал.
✨GOAL | Udinese 0-2 Juventus | Vlahovic⚽️🚀
pic.twitter.com/bBHeWSAWBQ— ༒𝕾𝖆𝖒✨ (@_SotOSam) August 20, 2023
Рабио уште пред полувремето зголеми и на 0-3, па во второто полувреме Јувентус само рутински си ја одржуваше предноста.
Juventus 3-0 Udinese (goal by Adrien Rabiot)
— Abdulaziz (@iE86s) August 20, 2023
Но, затоа пак имаше повеќе од возбудливо второ полувреме на дуелот меѓу Лече и Лацио кој заврши со победа на Лече од 2-1.
Лацио од 26. минута со голот на Имобиле дојде до предност од 0-1, за да Лече со неверојатен пресврт во само две минути, со головите на Алмквист во 85. минута и Ди Франческо во 87. минута дојде до победа од 2-1.
🇮🇹 | Pontus Almqvist blev ikväll målskytt i sin Serie A-debut när hans Lecce besegrade Lazio med 2-1!
🎥 | @Marcos_ACosta33 pic.twitter.com/tOXbcG5vzg
— Talangkollen (@talangkollen) August 20, 2023
𝐆𝐎𝐀𝐋! | Lecce is back with Federico Di Francesco's goal
🇮🇹 Lecce 2-1 Laziopic.twitter.com/NVQxd53mDJ
— FootColic ⚽️ (@FootColic) August 20, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА