Интер се врати во живот во трката за шампионското скудето откако „нероаѕурите“ славеа минатото коло, додека Наполи неочекувано одигра само 2-2 на домашен терен со Џенова, па тимот на Симоне Инзаги сега има само еден бод заостанување во однос на „наполитанците“.
Следен на распоредот за Интер е дерби дуелот со Лацио, за кој Симоне Инзаги повторно ќе има на располагање четири важни играчи. Лаутаро Мартинез ги надмина проблемите со повредата и ќе биде во комбинација за настап против „лацијалите“, исто како и важниот дефанзивец Павар, искусниот Мхитаријан, како и Фратези, кој беше херој во легендарната победа над Барселона.
Овој квартет денеска веќе тренираше со остатокот од тимот и се очекува да биде во комбинација за настап викендов, со тоа што Павар, Мартинез и Мхитаријан се најавени како стартери.
Во прилог на Интер оди и фактот дека Лацио се соочува со сериозни проблеми во пресрет на овој меч, акоо се знае дека Закањи и Пелегрини се суспендирани, стандардниот дефанзивец Патрик е повреден, додека левиот бек Тавареш има само минимални шанси за настап против шампионот.
Интер мора да слави за да се надева на искачување на првото место на табелата, но и да се крсти во Парма, која викендов на домашен терен ќе го пречека лидерот Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

