Размените се во мода, на лето следи нова – ПСЖ го сака Мората, во понудата и Кавани

Спортскиот директор на ПСЖ, Антеро Енрике, го одреди напаѓачот на Челси, Алваро Мората, како една од главните трансфер мети на „светците“ летото кое претстои. Според француските медиуми, ПСЖ во засега понудата без одредена цена, ќе го понуди и  најдобариот голгетер во нивната историја, Единсон Кавани.

Шпанскиот голгетер е рекордно засилување на „сините“ кое пристигна пред почетокот на оваа сезона. Челси исплати 60 милиони фунти на Реал Мадрид за него, па затоа се очекува од ПСЖ да ја надминат и таа сума со цел да го озовможат овој трансфер.

Антеро Енрике смета дека Мората е идеалниот напаѓач за парижаните, неговиот стил на игра лесно ќе се адаптира со оној на Нејмар и Мбапе, па така би создале ново застрашувачко трио. Кавани иако неколку сезони константно ја одржува својата голгетерска форма, годините полека го стигнуваат, за неколку дена ќе наполни 31 година, па од таборот на ПСЖ го сметаат за „стар“.

Ваквиот тип на трансфер зимава стана актуелен со размената на Санчез и Мхитаријан, а Шпанецот и Уругваецот најверојатно ќе ја продолжат традицијата во следниот преоден рок.

Сепак, рано е да се зборува за било каков конретен потег бидејќи пред пет дена заврши зимскиот трансфер период, а до крајот на сезоната има уште многу да се игра. Но, ако ПСЖ навистина го таргетира Мората, тогаш тешко дека некој ќе може ги спречи да го остварат овој ангажман.

 

Се вчитува...