Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ќе одлучи дали ќе учествува на Светското првенство во 2026 година врз основа на тековната сезона.
Сите посакуваат Меси да игра на идниот Мундијал во САД, Мексико и Канада, и да ја брани титулата со Аргентина, освоена во Катар во 2022 година. Меѓутоа со оглед на тоа дека веќе има 37 години, неизвесно е дали ќе може да игра.
„Не се сомневам дека ќе продолжам да играм, тоа нема никогаш да ме остави затоа што е дел од мојата природа. Така сум воспитан, сакам да победувам и да се натперварувам. ОВаа година ќе биде мојата одлука за Светското првенство. Ќе излажам ако кажам дека не размислувам за тоа“, рече асот на Аргентина.
Идната година Меси ќе наполни 38 години, и сите очекуваат ова да биде негов последен настап на Мундијалите, исто како и неговиот конкурент Кристијано Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА