Катарскиот шеик Џасим бин Хамад ал-Тани, кој објави дека се повлекува од купување на Манчестер Јунајтед, откако семејството Глејзер одлучи да продаде 25% од акциите на Сер Џим Ретклиф, сега ќе се насочи кон купување на Тотенхем. Катарците се решени да имаат клуб во Премиерлигата, и да се натпреваруваат со нивните ривали од Саудиска Арабија и ОАЕ, кои инвестираат во Њукасл и Манчестер Сити.
Претходно претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи беше на средба со претседателот Даниел Леви. Меѓутоа Qatar Sports Investments засега нема план да се вклучи во лондонскиот клуб, што ја отвора вратата за Џасим кој е подготвен да даде понуда за купување на целиот клуб.
Џасим сакаше да го купи Манчестер Јунајтед, меѓутоа на крајот пропаднаа преговорите. Навивачите на Јунајтед, кои неколку години бараат заминување на семејството Глејзерс, беа бесни поради ова повлекување, сметајќи го како реална можност клубот да добие огромни финансии и да направи тим со кој ќе се бори да ја врати старата шампионска слава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

