Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, нема намера да го напушти тимот и неговите планови се целосно поврзани со Каталонците, објавува „Марка“. Иднината на германскиот голман е сериозно доведена во прашање во шпанскиот печат во последните недели, особено по потпишувањето на Хоан Гарсија од Еспањол.
Тимот од Камп Ноу плати 25 милиони евра за голманот на својот градски ривал, но во медиумите се појавија бројни шпекулации дека новиот чувар на мрежата наводно поставил ултиматум да игра во стартниот состав, по што челниците на Барселона наводно се согласиле да го сменат голманот.
Тогаш во медиумите се појавија првите шпекулации за заминување на Германецот. Потоа, гласините се засилија и дури се зборуваше за проблеми меѓу раководството на Барселона, односно меѓу претседателот Лапорта, тренерот Флик и самиот голман поради конкуренцијата која ќе му биде донесена.
Голманот, кој воедно е и капитен на екипата, го пропушти речиси целиот дел од минатата сезона поради тешка повреда. Наводно Флик не бил задоволен од неговата форма после повредата.
Некои медиуми ги негираа информациите за наводен интерес од Галатасарај, кој бара замена за Фернандо Муслера, кој по 14 години го напушти турскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

