Разочарување за навивачите на Ливерпул: Александер-Арнолд и официјално го напушта клубот!

Трент Александар-Арнолд и официјално го информираше Ливерпул за својата намера да го напушти клубот ова лето по истекот на неговиот договор, информираат од таборот на „црвените“.

26-годишниот фудбалер ќе стави крај на својата дведецениска соработка со Ливерпул, по одлуката да го напушти „Енфилд“ откако ќе му истече договорот на 30 јуни 2025 година.

„Прво и најважно, сакам да кажам дека не е лесна одлука и дека многу размислував, непреспиени ноќи се минати пред да биде донесена одлуката. Тука сум веќе 20 години, ја сакав секоја минута од неа, ги остварив сите мои соништа, постигнав сè што некогаш сум сакал тука. Давајќи сè од ден на ден веќе 20 години, стигнав до точка каде што чувствувам дека ми треба промена, нов предизвик за мене како играч и како личност. И мислам дека сега е вистинското време за тоа“ – се вели во официјалната изјава од Александер-Арнолд.

Тренер се приклучи на Академијата на Ливерпул на шестгодишна возраст и напредуваше низ редовите на младинско ниво пред да го направи своето деби во сениорската екипа во 2016 година.

Досега има 352 настапи за „црвените“, постигнувајќи 23 гола и доаѓајќи до осум трофеи, вклучувајќи ја и титулата во Премиерлигата оваа сезона.

Обраќајќи им се директно на навивачите на Ливерпул, тој дополни:

„Има многу што би сакал да кажам. Главната работа е огромна благодарност. Вие бевте таму од самиот почеток со мене и за мене, секогаш со максимална поддршка. Ја чувствував поддршката, љубовта, сè што направивте никогаш не беше незабележано од мене, ја обожавам секоја минута од тоа. Се надевам дека почувствувавте дека тоа е возвратено и дека дадов сè што можев за клубот. Само се надевам дека ќе можеме да продолжиме да победуваме во иднина, а оваа ‘врева’ околу мојата одлука не го намали фактот за тоа што постигнавме оваа сезона. Беше неверојатна сезона. Беше неверојатно да се биде дел од неа и се надевам дека оваа вест нема никого да оптоварува предолго и дека наредниот период само ќе се слави тоа што го направија останатите момци сезонава.“

Се вчитува...