На вонредна седница на Собранието на Асоцијацијата на ракометни клубови на српската Суперлига донесена е одлука за разрешување на Жељко Перкуниќ од местото член на Управниот одбор, поради наводно навредување на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Соопштението го пренесуваме во целост:
„Здружението на ракометни клубови од Суперлигата најостро го осудува недоличното однесување на претседателот на ракометниот клуб Партизан кон претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Недозволиво е кој било носител на јавна или општествено одговорна функција на таков начин и без трошка одговорност да се однесува кон Република Србија и нејзините легитимно избрани органи, а особено не кон претседателот Александар Вучиќ, кој, меѓу другото, направи исклучителен придонес во одредувањето на средствата во последните три години, благодарение на што многу клубови успеаја да го одржат своето постоење или значително да ја подобрат својата работа. Членовите на Собранието кои се приклучија на гласањето беа едногласни во осудата на недоличното однесување и одлуката за смена на досегашниот член на Управниот одбор“, стои во соопштението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

