Сите дилеми се разрешени. Дидие Дешамп останува селектор на Франција, откако денеска потпиша нов договор со траење до 2026 година.
Дешамп е рекордер по успеси на кормилото на француската репрезентација, откако во 139 натпревари како претходник, има 89 победи, 28 нерешени и 22 порази. Ја освои светската шампионска титула во 2018 година на Мундијалот во Русија, а минатата година играше во финалето на Светското првенство во Катар.
Францускиот национален тим под негово водство ја освои и Лигата на Нации во 2021 година, а стигна и до финалето на ЕП 2016 година. Моментално Франција е на третото место на ФИФА листата.
Со ова се стави крај на шпекулациите дека Зинедин Зидан ќе седне на клупата на Франција, нешто што се шпекулираше уште пред Мундијалот во Катар, без разлика на исходот на Светското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА