Разрешени сите дилеми, Ѓорѓевиќ останува предводник на Србија

Претседателот на кошаркарската федерација на Србија, Предраг Даниловиќ даде одговор на можеби, најпоставуваното прашање во српската репрезентација по завршувањето на Евробаскетот. Даниловиќ потврди дека актуелниот селектор, Александар Ѓорѓевиќ и натаму ќе ја предводи репрезентацијата, поточно ќе го испочитува договорот кој важи до 2019 година.

„Ѓорѓевиќ има одговор до 2019 година, и нема причина понатаму да зборуваме околу ова прашање“, посочи Даниловиќ.

Јасно беше дека за „орлите“ нема подобра опција кога станува збор за изборот на селектор, Ѓорѓевиќ очигледно добро си ја врши работата во изминативе години. Под негово водство Србија освои сребрен медал на Светското првенство во 2014 година, сребрени беа и на Олимписките игри во Рио минатата година, а сега и освоеното сребро на овогодишниот Евробаскет, кое кошаркарите на Србија лично го сметаат за неуспех.

Дури и самиот Ѓорѓевиќ шеговито одговори на истото прашање: „Тука сум, ако не ме избркаат“.

  

Се вчитува...