Разврска во Група А: Италија сигурна, Турците мораат на победа, Швајцарија и Велс во битка за второто место

Првата групна разврска на ЕВРО 2020 денеска од 18 часот. Во Рим домаќинот Италија ќе игра против Велс, кој се бори за второто место. додека во истиот термин Швајцарија се соочува со Турција.

На Швајцарците им е неопходна победа со Турција, па во случај на пораз на Велс од Италија, со подобра гол разлика, тие со четири бода би биле второпласирани за пласман во елиминациската фаза.

Но, и Турците не се откажуваат. Посакуваат триумф со кој би дошле до третата позиција во групата и надеж за пласман во осминафиналето како една од најдобрите четири третопласирани селекции.

Во секој случај јасно е дека Италија е голем фаворит против Велс, па останува на дуелот меѓу Швајцарија и Турција да се види која од двете селекции би останала со шанси за осминафинале.

Се вчитува...