Заврши најдолгиот фудбалски натпревар во историјата на Летните олимписки игри. Мароко славеше против Аргентина со 2-1 во воведниот меч за двете репрезентации на игрите во Париз.
Аргентина уште пред два часа со гол во 105. минута се спаси од пораз против Мароко (2-2), а по голот во теренот влетаа и мароканските навивачи. Сепак, два часа по официјалниот крај на мечот од ФИФА сфатиле дека направиле грешка и дека голот на Аргентина е постигнат од офсајд. Затоа тие голот го поништија, а мечот мораше да се доигра при резултат 1-2.
Мароко успеа да издржи и на крајот да стигне до прв триумф на игрите. По мечот веднаш стигнаа и првите реакции. Најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси на „инстаграм“ напиша само „Неверојатно“.
Селекторот на Аргентина, Хавиер Маскерано изјави дека ова е најголемиот циркус кој го има видено во својот живот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА