По вчерашното соопштение од ФК Еуромилк во кое обвинија за закани кон нивните фудбалери за време на дуелот со Влазрими од 17. коло во Втората македонска фудбалска лига, со своја реакција и од ФК Влазрими кои потенцираат дека гостите од Скопје се револтирани само затоа што дозволиле да примат сосема регуларно гол во последните секунди од средбата. А, за жал целата лутина ја истуриле и на инвентарот во соблекувалните кој бил руиниран.
Соопштение од ФК Влазрими ви го пренесуваме во целост:
ФК Влазрими од Кичево реагира на соопштението кое екипата на Еуромилк го испрати до јавноста, а преку кое сакаме во целост да ги негираме тврдењата на гостинската екипа.
Вистина е дека во целиот тек на првото полувреме гостинските фудбалери со број 5, Никола Никанчевски и играчот со број 14, Михајло Митров провокативно се однесуваа кон домашната публика сакајќи по секоја цена истата да биде иритирана. За жал, оваа неспортска појава која по сите фудбалски прописи се казнува од делителот на правдата, овој пат остана неказнета, намерно или ненамерно не можеме да тврдиме.
Но едно е сигурно дека гостите по примениот гол во последните секунди од средбата беа револтирани, иако им е јасно дека фудбалот се игра до последниот свиреж на судијата.
По завршувањето на средбата дивеењето на гостинските фудбалери продолжи и во просториите односно соблекувалните каде што буквално беше уништен целиот инвентар. За овај вандализам некој ќе треба да плати иако ова не ни е во прв план бидејќи фудбалот се игра за публиката и истата треба да се почитува особено кога е мирна и воопшто не реагира.
Разбираме дека е тешко подносливо да се бориш до последните моменти и при тоа да примиш гол во последните секунди, но спортски е и покрај такви околности поразот да се признае.
Ние како клуб остануваме отворени за соработка со сите клубови па и со Еуромилк и не сакаме да ги расипеме односите со ниту еден клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА