На серија реакции наиде синоќешниот избор на најдобрите македонски спортисти во организација на Агенцијата за млади и спорт, во годината во која македонскиот спорт и немаше со којзнае што да се прослави.
Реакција имаше од таборот на македонскиот олимписки медалист Дејан Георгиевски, но и од Фудбалската федерација од каде се крајно изненадени што се премолчува најголемиот успех во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал местото во финалето на баражот за пласман на Светско првенство.
„Во последните неколку години мислевме дека видовме се од Агенцијата за млади и спорт, но секогаш успеваат да направат повторно да се “фатиме за глава”. Од сите доделени награди, додаваме и една што не беше доделена: – Македонската фудбалска репрезентација во 2022 година ја оствари најголемата победа во својата историја. Европскиот првак, Италија падна во Палермо“ – се вели во реакцијата од Фудбалската федерација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА