Бразилскиот фудбалски ас, Роналдињо со плаќање кауција излезе од затвор во Парагвај каде што беше сместен поради влез во државата со фалисфикувани документи. Тој сега се наоѓа во своевиден „домашен притвор“ со хотел и го очекува судскиот расплет на случајот.
„Бевме изненадени кога ни кажаа дека докментите се фалсификувани. Се трудевме максимално да соработуваме со правните власти за да ја расчистиме што повеќе целата ситуација. Никогаш не ни помислував дека би можел да се најдам во ваква ситуација. Целиот живот се трудев да бидам врвен професионалец и со мојата игра да ги усреќувам луѓето“ – вели Роналдињо.
Роналдињо беше приведен на 6.март, во затворот мина повеќе од еден месец, а излезе откако беше платена кауцијата кој изнесуваше вкупно 1.6 милиони долари за него и за неговиот брат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА