Дебито на Гоце Седлоски на клупата на Вардар заврши со презначајна победа над Шкупи од 3-2 во натпревар по кој сепак се говори за контроверзниот победоносен гол на најтрофејниот македонски фудбалски тим.
Шкупи кој и пред натпреварот опомена на судијата Игор Стојчевски по средбата регираше со видео од дискутабилниот погодок.
„Предупредувавме не беше доволно и се случи тоа што го најавувавме. Судијата Игор Стојчевски си ја заврши работата. Уште вчера предупредивме дека овој судија не е способен да суди ваков натпревар и дека подолго време е на нашата непожелна листа. Сепак, барањето на нашиот клуб никој не го сфати сериозно. Во 83. минута сите видоа дека Мицевски е во офасајд, но не и противничкиот омилен судија. Нашето детално објаснување ќе го дадеме утре во посебно соопштението“, стои во објавата на Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА