Од второлигашот Охрид со реакција по повод немили сцени во Неготино, каде што велат дека нивните играчи биле физички нападнати од неофицијални лица кои се нашле на теренот.
Тие побараа реакција од федерацијата за овој инцидент, и санкции за Вардар Неготино. Натпреварот го доби Охрид со 0-1.
„Во текот на вчерашниот ден одигравме натпревар во Неготино каде што фудбалската игра беше ставена во втор план поради настан кој што нема допирна точка со фудбалот и спортот. Поради лошата организација на домаќинот дојдовме до ситуација која не може да се контролира и многу лесно можеше да ескалира до поголем инцидент. По завршувањето на натпреварот нашиот голман како и уште неколку наши фудбалери беа физички нападнати од неофицијални лица кои што без никаков проблем се најдоја на теренот. Исто така и во претходната сезона бевме сведоци на слични случувања во Неготино, но немаше реакција од наша страна. ГФК Охрид Лихнидос како домаќин ги има пречекано сите натпревари крајно фер и спортски без ниеден инцидент. Ние како клуб бараме реакција од одговорните лица на федерацијата. Вакви сцени за жал го уназадуваат македонскиот спорт“, стои во објавата на ГФК Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА