Реакцијата на Меси по непризнаениот гол, па признание од судиите за грешката… (ВИДЕО)

Барселона синоќа беше оштетена со поништен погодок на Лионел Меси кој во голема мера сигурно ќе значеше и победа за Каталонците на гостувањето против Валенсија.

Меси постигна очигледен гол при 0-0, но не беше признаен од судиската тројка. Па очекувано следеше жестока реакција од аргентинскиот репрезентативец. На крајот од првиот дел, Меси се впушти и во конверзација со линискиот и со главниот судија кои, како што пренесуваат шпанските медиуми, признале пред него дека погрешиле со проценката… Но, враќање назад во тие моменти не можеше да има!

Се вчитува...