Реакцијата на тренерот на ФЦСБ на пресот во Скопје кога дозна дека Бекали му избркал двајца фудбалери!

Контроверзниот сопственик на ФЦСБ, Џиџи Бекали, како што пренесoa романските медиуми, наредил замена на двајцата капитени во тимот Олару и Шут кои во 63. минута од средбата беа заменети со Овидиу Периану и Мариус Стефанеску на синоќешниот натпревар против Шкендија на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Токму поради таквата одлука, Олару и Шут при напуштањето на теренот отворено го демонстрираа своето незадоволство.

„За нив повеќе нема место во овој тим. Од утре ќе бидат избришани од списокот за европските натпревари, а на нивно место во ростерот ќе бидат Малком Еџума и Алекс Балута. Тие двајца не заслужуваат повеќе да играат“ – изјави во преносот во живо Џиџи Бекали.

Сето ова, и одлуката на Бекали дека повеќе за Периану и Стефанески нема место во неговиот тим, тренерот на ФЦСБ, Караламбус ја дозна од новинарите на прес-конференцијата во Скопје. И, најблаго кажано, беше макимално изненаден…

„Ќе видиме за тоа, но мислам и дека не е сега време да зборуваме на таа тема. Најпрво не чека натпревар во сабота во домашното првенство, а потоа ќе видиме на кои фудбалери ќе сметаме за европскиот натпревар и реваншот со Шкендија во Букурешт“ – рече Караламбус на прес-конференцијата во Скопје.

Се вчитува...