Реал Мадрид испрати директорски тим во Париз за да преговара за трансферот на Нејмар, но проблем за „кралевите“ во овие преговори не е висината на отштетата, туку хроничната повреда на стопалото на бразилскиот голгетер.
Весникот „Ас“ објави дека Флорентино Перез во изминатите десет дена добил бројни лекарски мислења, од кои речиси сите тврдат дека е огромен ризикот дека Нејмар може да ја обнови старата повреда, поради која ги пропушти завршниците од двете сезони кои ги мина во дресот на ПСЖ. Во ситуација кога се преговара за отштета од околу 200 милиони евра, нормално е што „кралевите“ се загрижено за здравствената состојба на фудбалерот, па дури и бараат гаранции од страна на францускиот првак.
Имено, „кралевите“ инсистираат во случај да се постигне договор со ПСЖ за трансферот на Нејмар, да стои и клаузула според која „светците“ би вратиле одредена сума на пари доколку Бразилецот ја обнови старата повреда.
Тешко е за верување дека францускиот клуб ќе се согласи на ваква варијанта, што го прави трансферот на Нејмар на „Сантијаго Бернабеу“ – невозможна мисија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА