Зинедин Зидан ќе експериментира со составот на Реал Мадрид за утрешниот натпревар против Еспањол откако на денешната прес-конференција објави дека за мечот на „Сантијаго Бернабеу“ нема да може да смета на услугите на четири стандардни првотимци.
Првиот голман Кејлор Навас ќе му го отстапи своето место на Кико Касилја, а на дуелот со Еспањол нема да настапат ниту Лука Модриќ и Карим Бензема, кои ќе добијат заслужен одмор, како и повредениот Серхио Рамос.
„Рамос не е „фит“ по повредата со Наполи и нема да игра. Шанса во нападот ќе добие Мората, додека Бензема ќе го пропушти овој натпревар“ – изјави Зидан, кој се уште не смета ниту на португалскиот лев бек Коентрао.
Добра вест за Реал Мадрид е што Герет Бејл конечно е „фит“ за камбек на терените, па се очекува велшкиот интернационалец да влезе во игра во второто полувреме од утрешниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА