Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан се соочува со тешки проблеми, откако по денешните медицински прегледи е потврдено дека не ќе може да смета на капитенот Серхио Рамос и Иско за утрешното дерби против Валенсија.
Дефанзивецот на средбата против Леганес ја обнови повредата на листот поради која ги пропушти изминативе три недели, и не ќе може да помогне на својот ти во еден од најважните натрпревари за Реал сезонава. Иско пак го повреди колкот на тренинг и најверојатно ќе паузира една недела.
Сепак, и двајцата треба да бидат подготвени за првиот дуел од осминафиналната пресметка со ПСЖ во Лигата на шампиони, закажан за 14. февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА