Чаби Алонсо се соочи со сериозен проблем во пресрет на вечерашното полуфинале од клупскиот мундијал против ПСЖ, откако во последен момент од комбинација за настап отпадна Трент Александер Арнолд.
Десниот бек е стандарден во првиот тим на Реал по трансферот од Ливерпул, импресионирајќи ги и соиграчите и стручниот штаб, но Трент заработил незгодна повреда на последниот тренинг, а лекарскиот тим на „кралевите“ не успеал да го опорави навреме за полуфиналето против актуелниот европски првак.
Чаби Алонсо нема преголем избор, Дани Карвахал се уште е повреден, па затоа на десен бек повторно ќе биде прекомандуван Валверде, кој вообичаено игра во средниот ред.
За одбележување е дека Алонсо за првпат го вклучува во стартниот тим Килијан Мбапе, кој е стопроцентно подготвен и ќе го предводи нападот на ПСЖ заедно со Винисиус и со Гонзало, кој е најдобар стрелец на ова натпреварување со четири постигнати погодоци.
ТИМ НА РЕАЛ ПРОТИВ ПСЖ: Куртоа, Валверде, Ридигер, Асенсио, Фран Гарсија, Чуамени, Белингем, Арда Гулер, Мбапе, Винисиус, Гонзало.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

