Актуелниот европски првак Реал Мадрид ја чува предноста од 3-1 од првиот меч на „Сантијаго Бернабеу“ по првото полувреме на реванш осминафиналниот дуел со Пари Сен Жермен што се игра на „Паркот на принцовите“. Тренерот Зинедин Зидан изненади без Лука Модриќ, Герет Бејл и Тони Крос во првиот состав на „кралевите“, но и без нив тимот делува многу компактно, а беше и поблиску до водство во првото полувреме.
Прв се закани Серхио Рамос, но Алфонс Ареола го одбрани неговиот удар од петерецот, а во 38.минута Карим Бензема имаше колосална шанса кога излезе сам пред голманот на ПСЖ. Тој шутираше ниско по земја од левата страна, но Ареола и овојпат фантастично го спаси својот гол.
Во завршницата од првиот дел, шанса за ПСЖ имаше Килијан Мбапе, а соодветно одговори и Кејлор Навас на голот на Реал Мадрид.
На „Енфилд роуд“ исто така нема голови. Но, Ливерпул има убедлива предност (5-0) од првиот меч против Порто. Садио Мане имаше две шанси да го отвори резултатот, но не успеа да погоди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА