Реал доби „шлаканица“ од Ренџерс, Мурињо уживаше во „петардата“ на Рома (ВИДЕО)

Реал Мадрид доживеа пораз од 2-1 од Ренџерс на пријателскиот натпревар кој се играше на „Иброкс“.

„Кралевите“ имаа предност од 0-1 на полувремето, за да во второто полувреме Ренџерс со головите на Сакал и Итен дојде до пресврт-победата.

Рома славеше убедлива победа од 5-2 против Дебрецин. Унгарците поведоа на дуелот, а потоа се беше во знакот на тимот на Жозе Мурињо.

Стрелци за „волчицата“ беа Мајорал, Пелегрини, Заниоли како и Един Џеко кој ги постигна последните два погодоци за Рома.

Се вчитува...