Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед е подготвен да влезе во трката за ангажман на Нејмар, откриваат медиумите на Островот. Раководството на „црвените ѓаволи“ ќе испрати понуда вредна 200 милиони фунти во обидот да го доведе Бразилецот на „Олд трафорд“. Уште поголем адут е неделната плата од 575.000 фунти, што би ја заработувал Нејмар, доколку го прифати предлогот на Манчестер јунајтед.
Тој минатото лето го направи најголемиот трансфер во историјата на фудбалот, откако ПСЖ плати 222 милиони евра и го откупи од Барселона. Само една година подоцна, светот е подготвен за нов, уште поскап трансфер, а во игра се Реал Мадрид и Манчестер јунајтед. Но, првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, е убеден дека Нејмар ќе остане во Париз.
„Тој ќе остане во ПСЖ, сигурен сум 2.000%. Тој сака да биде дел од нашиот клуб и заедно да испишеме историја“, изјави Ал Келаифи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА