Реал добро почна, па „изгоре“ во пеколот во Атина

Олимпијакос има 2-0 по двете домашни средби против Реал Мадрид откако грчкиот гигант славеше и на вечерашниот дуел против „кралевите“, овојпат во многу понеизвесна пресметка со резултат 77-71. Ако првиот меч мина во апсолутна доминација на Олимпијакос, вечерва Реал се прикажа во далеку подобро светло, но сепак и тоа беше недоволно за да се стигне до позитиввен резултат против „црвено-белите“.

Шпанскиот гигант имаше и двоцифрена предност во првото полувреме, но Милутинов и Везенков беа во главна улога во овој дел од мечот, враќајќи го Олимпијакос во дуелот. Фурние погоди значајни шутеви, грчкиот гигант повторно се одлепи и поведе со „плус десет“, но Реал Мадрид со одлична зона стигна на само три поени негатива. Сепак, Питерс погоди клучна тројка за грчкиот тим, потоа прецизен од далечина беше и Вилијамс Гос, со што отпорот на гостите беше скршен, а Олимпијакос го доби овој меч со 77-71.

Везенков имаше 22 поени и 7 скокови (пет офанзивни), Фурние имаше 17 поени за победничкиот тим, додека Хезоња со 22 поени беше единствениот со двоцифрен ефект кај Реал Мадрид на овој натпревар.

Третиот (и евентуално четвртиот) меч од оваа четвртфинална серија ќе се играат следната седмица во Мадрид.

Се вчитува...