Реал е повеќе од тим… со играч помалку до пресврт и победа над Валенсија

Реал Мадрид се врати на чело на табелата во Ла Лига откако актуелниот првак во драматичен дуел славеше на гостувањето против Валенсија со 1-2. Столе Димитриевски имаше одличен меч се до 85. минута, но македонскиот голман и соиграчите сепак со наведнати глави го напуштија теренот откако примија два гола во финишот, и тоа со играч повеќе на теренот откако Винисиус доби црвен картон поради удирање на Димитриевски.

Второто полувреме донесе многу повеќе возбудувања откако Реал очекувано тргна со сите сили по израмнување. Првата шанса „кралевите“ ја имаа кога беше досуден сомнителен пенал врз Мбапе, но Белингем од белата точка не успеа да го совлада Димитриевски, стрелајќи само во дирекот.

Нападите на Реал продолжија, а страстите зовреа кон Винисиус влезе во конфликт со македонскиот голман и со двете раце замавна и го удри Димитриевски, по што по прегледување на ВАР-снимката Бразилецот заслужено доби црвен картон и соиграчите мораа да го држат за да спречат поголем скандал.

Офанзивата на „кралевите“ продолжи и со играч помалку на теренот, а храбрата игра придонесе гостите да стигнат до заслужено израмнување, со голот што го постигна Лука Модриќ во 85. минута.

И кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, домашните дефанзивци во 95. минута направија катастрофална грепка, топката стигна до Белингем, кој во ситуација еден на еден го матираше Димитриевски.

Возбудувањата не завршија тука, Валенсија во 100. минута имаше одлична шанса преку Јота, но неговиот удар заврши во внатрешниот дел од дирекот и не влезе во мрежата, па Реал стигна до трите бода на ова исклучително тешко гостување.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...