Хаотичната атмосфера во Реал Мадрид продолжи и за време на дуелот со Бенфика, на кој Арда Гулер отворено покажа незадоволство по одлуката на тренерот Арбелоа да го повлече од игра при негатива од 3-2.
Јасно е дека Чаби Алонсо доби отказ поради неуспехот во менаџирањето на односите со големите ѕвезди како Винисиус, Белингем, Родриго…. а очигледно е дека и Арбелоа тргнува по патот на својот претходник.
„Јас, секогаш јасно“, разочарано повторуваше Арда додека го напушташе теренот.
Неофицијално, тој по мечот бил критикуван од клупската управа, која јасно ставила до знаење дека мора да се почитуваат тренерските одлуки, наместо да се прави циркус во вакви ситуации.
Arbeloa tarafından oyundan alınan Arda Güler’in tepkisi: pic.twitter.com/WElJVsSYT0
— BPT (@bpthaber) January 28, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

