Реал ги дава Хамес и Мората за услугите на Дибала

Челните луѓе на Реал Мадрид се сигурни дека ќе го убедат Дибала да потпише за „кралскиот клуб“ и подготвени се тоа д го сторат по секоја цена. Во последната понуда вредна 70 милиони евра, „кралевите“ ги додадоа Хамес Родригез и Алваро Мората. Познато е дека „старата дама“ го посакува Родригез во своите редови, но да биде како поддршка за Дибала и за Игуаин, додека Мората веќе го носеше „црно-белиот“ дрес и не ја отфрла можноста за повторна соработка со клубот од Торино, иако сега е загреан за трансфер во Англија.

Покрај многуте понуди и од Шпанија и од Англија, па дури и од Франција, Јувентус не го продава Дибала, а за да се осигураат потпишаа со Аргентинецот нов договор, кој важи до 2022 година правејќи го втор најплатен играч по неговиот сонародник, Гонзало Игуаин.

Репрезентативецот на Аргентина сезонава во сите натпреварувања постина 17 гола и забележа осум асистенции.

 

Се вчитува...