„Реал ги прави сите проблеми во шпанскиот фудбал, Барса е невина“

Првиот човек на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, гласно го критикуваше Реал Мадрид поради константните тензии што „кралевите“ ги создаваат по речиси секоја одиграна рунда од Примера дивизион.

Флорентино Перез и неговите соработници редовно потсетуваат на судскиот процес „Негриера“ во која Барселона е обвинета за корупција на првиот човек за судиско делегирање во периодот од 2017 до 2019 година.

„Едно треба да биде јасно, тензии не создава ниту Барселона ниту било кој друг клуб. Реал Мадрид е секогаш против се и против секого, против Барса, против судиите, федерацијата… буквално против се… Барса е невина додека не се покаже спротивното, но во Реал секоја судиска грешка ја поврзуваат со последица од одредени случување од пред пет или повеќе години. Цел на луѓето од Мадрид е да покажат дека судиите се под директно влијание, што е многу опасна реторика, воедно и апсолутно неточна. Тензиите ги шири клупската телевизија на Реал Мадрид, а неодамна ги потврди и нивнниот претседател. Тие се длабоко дезориентирани, тврдејќи дека не им е досуден пенал во 2025 поради нешто што се случило во 2017“, изјави Тебас.

Се вчитува...