Реал Мадрид е подготвен да плати рекордна сума за напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, пренесуваат француските медиуми. Кралскиот клуб ќе исплати понуда до „светците“ која ќе изнесува неверојатни 400 милиони евра. Моментално најскап траснфер во фудбалот е тој на Нејмар кој од Барселона на „Паркот на принцовите“ премина за сума од 222 милиони евра.
Мбапе има договор со ПСЖ до летото 2022, а медиумите од Франција пренесуваат дека тој нема да прифати продолжување на истиот. 20-годишникот сезонава во Лига 1 на седум одиграни натпревари постигна пет гола и три асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА