Реал го брка рекордниот трофеј: Но, кои се сите освојувачи на европската шампионска круна…

Шпанскиот гигант Реал Мадрид е рекордер со 11 шампионски трофеи шампион на Европа, а оваа година „кралскиот клуб“ би можел да биде и првиот кој го одбранил насловот откако стартуваше Лигата на шампионите.
Реал Мадрид славеше во првите пет изданија на Купот на шампионите од 1956 до 2960 година, а потоа беше најдобар во 1966, 1998, 2000, 2002, 2014 и во 2016 година. Ако победи во Кардиф ќе биде првиот клуб кој го одбранил трофејот откако стартуваше Лигата на шампионите.
Последен клуб кој ја одбрани европската титула беше Милан, на кого тоа му успеа во 1989 и во 1990 година. Милан е и вториот најтрофеен клуб со седум титули, додека Ливерпул, Барселона и Баерн Минхен по пет пати биле шампиони на Европа. Ајакс четири пати бил на врвот на Европа, а Манчестер јунајтед и Интер по три пати. Јувентус досега два пати славел во трката за европската шампионска круна.
Единствени два клуба од Источна Европа кои стигнале до трофејот во ова натпреварување се романска Стеауа во 1986 година и белградска Црвена Звезда во 1991 година. Титулата шампион на Европа ја освоиле вкупно 22 клуба.
СИТЕ ОСВОЈУВАЧИ НА ТРОФЕЈОТ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ
Реал Мадрид – 11 титули
Милан – 7
Ливерпул, Барселона и Баерн Минхен – по 5 титули
Ајакс – 4 титули
Интер и Манчестер јунајтед – по 3 титули
Јувентус, Бенфика, Порто и Нотингем форест – по две титули
Челси, Борусија Дортмунд, Црвена Звезда, Селтик, Хамбургер, Стеауа, Марсеј, Феенорд, Астон Вила, ПСВ – по една титула.

Се вчитува...