Реал Мадрид лошо ја стартуваше сезоната, критиките одат на адресата на новиот тренер Хулен Лопетеги, но не се поштедени ниту дел од фудбалерите, посебно носителите на играта. Најголемиот удар се чини дека е кон Лука Модриќ, кој полека го губи местото кај Лопетеги, а се најавува и негов можен трансфер во редовите на Интер.
Флорентино Перез веќе реагирал и отпочнал разговори со Тотенхем за ангажман на Кристијан Ериксен. Данскиот интернационалец треба да биде наследникот на Модриќ и да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ следното лето за сума од 80 милиони евра.
Реал Мадрид и Тотенхем имаат долгогодишна соработка, а од сегашниот состав токму Лука Модриќ и Герет Бејл пристигнаа во „кралскиот клуб“ од редовите на англискиот премиерлигаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА