Реал го нуди Хамес Родригез, а ПСЖ го бара Иско во пакет-трансферот на Нејмар

Бразилецот Нејмар е се поблиску до трансфер на „Сантијаго Бернабеу“. Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, призна дека клубот води преговори со Реал Мадрид за трансфер на незадоволниот играч, а сега Барселона е во втор план. Првите луѓе на ПСЖ и на Реал Мадрид, Насер Ал – Келаифи и Флорентино Перез, се големи пријатели и тоа му дава значителна предност на „кралскиот клуб“ во преговорите.

Сепак, не е така лесно да се реализира трансфер од 200 милиони евра. Реал Мадрид го сака Нејмар на едногодишна позајмица, со обврска потоа да го откупи за сума од 200 милиони евра. Најверојатно ќе бидат вклучени и други играчи во овој трансфер. Сега тука се водат главните преговори меѓу клубовите. Реал Мадрид го нуди Хамес Родригез, кој не е во најтесните планови на Зинедин Зидан, а ПСЖ во пакетот го бара Иско Аларкон.

Се вчитува...