Реал Мадрид одигра извонреден меч и заслужено на гостински терен го совлада Фенербахче со 71-85, нанесувајќи му го на турскиот гигант само вториот пораз во Евролигата оваа сезона. „Кралевите“ одиграа беспрекорно во нападот, постигнувајќи 25 поени уште во првата четвртина (16-25), по што го контролираа резултатот буквално до самиот крај, за заслужена радост против еден од најголемите ривали за трофејот оваа сезона.
Муса со 18 и Тавареш со 17 поени беа најефикасни во редовите на Реал Мадрид, додека кај Фенербахче се истакна центарот Мотли со 20 поени и седум скокови.
Панатинаикос за првпат сезонава врза три победи во серија, триумфирајќи на гостувањето против Жалгирис со убедливи 67-81. Тимот на Дејан Радоњиќ цел натпревар беше во водство, литванскиот состав само за момент се приближи на четири поени негатива (58-62), но ПАО предводен од Американците Вилијамс и Бејкон повторно влезе во серија и на крајот стигна до заслужена двоцифрена победа.
Дерик Вилијамс со 25 поени беше прв стрелец на грчкиот гигант, додека Бејкон го заврши мечот со 19 поени и осум скокови. Најефикасен во таборот на Жалгирис беше Еванс со 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА