Шпанскиот „АС“ открива дека Реал Мадрид успеал да се договори за нов договор на бразилското крило Винисиус до 2027 година. Сегашниот договор на Бразилецот истекуваше во 2024 година, но уште пред неколку месеци било договорено продолжување, а сега ќе биде официјализирано.
Реал го ангажираше Винисиус во 2018 година, како 18-годишно момче и го плати 46 милиони евра. Со тоа го сруши рекордот за доведување на играчи помлади од 19 години.
Во четири години во дресот на „кралевите“ се наметна како сериозна замена за Кристијано Роналдо, а во 187 натпревари постигна 44 гола и 48 асистенции. Сега според „Трансфермаркт“ овој фудбалер вреди 120 милиони евра.
Ќе му порасне и платата на Винисиус, и тоа драстично. Ако досега играше за 3 милиони евра по сезона, според новиот договор ќе заработува осум милиони евра годишно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

