Кошаркарите на Реал Мадрид целосно го уништија Хувентуд победувајќи со 73-94 за пласман во финалето на АЦБ-лигата.
„Кралевите“ на тој начин дојдоа до 3-1 во полуфиналната серија, за очекувано место во финалето каде ќе се соочи со Барселона или со Уникаха. Каталонците моментално водат со 2-1, а утре во Малага играат за финале.
Кај Реал вечерва добра партија одигра Серхио Родригез кој имаше 15 поени и осум асистенции, Џанан Муса заврши со 16 поени, а со ист број поени заврши и Хезоња. Кај Хувентуд двоцифрени беа Пара со 17 поени, Фелиз со 12 поени и Вивес со 11 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА