Реал го враќа Родри во Мадрид!?

Реал Мадрид се уште е во потрага по идеалните замени за легендарните Тони Крос и Лука Модриќ на средината на теренот. И покрај тоа што клубот има повеќе опции во младите фудбалери кои се желни за докажување, по лошата сезона Перез не сака повторно да ризикува па е подготвен и да извои до 100 милиони евра за ангажман на Родри.

Шпанскиот играч за врска на Манчестер Сити е еден од најдобрите на својата позиција. Низ годините се наметна како незаменлив дел од составот на Пеп Гвардиола што беше видливо и во последната сезона која ја пропушти поради тешка повреда, а „граѓаните“ одиграа далеку под претпознатливото ниво.

Договорот на Родри со Манчестер Сити е со важност до крајот на сезоната 2026/27 и засега не се водат преговори за продолжување на соработката додека не заврши новата сезона која ќе биде пресудна за неговата иднина во клубот со оглед на тешката поверда.

Целата ситуација ја следи Реал Мадрид кој верува дека и покрај повредата пред 29-годишниот Родри се најдобрите години во кариерата па веќе ова лето ќе се обиде да го врати назад во Мадрид каде порано настапуваше за Атлетико.

Се вчитува...