Реал Мадрид во следните неколку дена ќе го продолжи договорот со играчот од средниот ред, Едуардо Камавинга. „Кралевите“ се задоволни од тоа како се развива младиот француски интернационалец, и затоа подготвува да ја продолжи соработката со него.
Новиот договор ќе биде со далеку подобри услови, односно со подобра плата, а исто така ќе има и откупна клаузула со која Реал ќе се заштити од потенцијалните купувачи. Се претпоставува дека откупната клаузула ќе биде 1 милијарда евра.
Камавинга исто така истакнал задоволство од третманот во Реал, и се согласил на продолжување на соработката со „кралевите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

