Реал го „здроби“ Фенербахче среде Истанбул

Кошаркарите на Реал Мадрид запишаа повеќе од убедлива победа на гостувањето против Фенербахче во 25. коло од Евролигата. „Кралевите“ во Истанбул славеа со неверојатни 65-94.

Тоталниот дебакл на Фенербахче беше навестен уште во првиот период од играта кој Реал го доби со 15-22. До полувремето веќе беше и цели 16 поени предност (31-47), што веќе ја навести победата на гостите.

Во второто полувреме Реал Мадрид само рутински ја одржуваше и зголемуваше предноста за конечни 65-94.

Најефикасен во победничкиот тим беше Џејси Керол со 20 поени, а 16 поени запиша Волтер Таварес. Кај домашните се издвои Нандо Де Коло со 21 поен, а Јан Весели мечот го заврши со 16 постигнати поени.

Во првите два денешни натпревари Алба Берлин славеше на гостувањето против Зенит со 81-83, а Олимпијакос во Атина го победи Лион со 77-68.

Се вчитува...