Реал и Баерн предизвикаа немир во Лондон, Ридигер го одбил новиот договор од Челси

Дефанзивецот на Челси, Антонио Ридигер, одби да го продолжи договорот што му го понуди лондонскиот тим, а како главна причина се споменуваат Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Договорот за германскиот репрезентативец истекува следното лето, а актуелниот европски шампион сака што поскоро да го обезбеди неговиот престој на „Стемфорд Бриџ“. Сепак, очигледно е дека понудата не е задоволителна.

Реал од Мадрид и Баерн Минхен се заинтересирани за услугите на 28-годишниот дефанзивен играч, кои со свои понуди ќе излезат во јануари следната година, па расплетот на сагата останува да биде решен во претстојните неколку месеци.

Се вчитува...