Реал Мадрид и Басконија ја добија шпанско-германската војна во Евролигата против Алба Берлин и Баерн Минхен.
„Кралевите“ беа подобри од Алба Берлин со 85-71 во меч со многу подеми и падови на двете екипи. Домаќините првиот период го добија со убедливи 28-14, по што следуваше идентичен одговор на гостите во вториот период за на полувреме да се замине со предност од само четири поени за мадридскиот клуб (42-38). Во второто полувреме домаќините успеаја да го издржат притисокот од гостинскиот тим на почетокот на третиот период и со сигурна игра до крајот да стигнат до триумф од 85-71. Ентони Рендолф, Усман Гаруба и Серхио Љуљ уфрлија по 12 поени во победничкиот табор, додека кај гостите Хермансон натпреварот го заврши со 13 поени.
Басконија беше убедлива против Баерн Минхен добивајќи го германскиот гигант со 93-60. Победникот беше решен уште во првиот период кој домаќините го добија со убедливи 19 поени (29-10). До полувремето разликата се зголемуваше, а на полувреме се замина со огромна предност за Басконија од (52-29). Во второто полувреме разликата само се зголемуваше за конечен триумф на Шпанците од 93-60. Најдобар поединец во победничкиот табор беше Шенгелија со 19 поени, додека кај Баерн Минхен Грег Монро уфрли 16.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА